Музика и танц - категорија

балалајка повеќе

мн. балалајки
Вид збор: Именка, женски род
Вид руска триаголна тамбура со три жици.
Англиски: balalaika

балерина повеќе

мн
Вид збор: Именка, женски род
Балетска уметница, балетска танчарка.
Англиски: ballerina

балет повеќе

мн балети
Вид збор: Именка, машки род
Уметнички танц придружен со музика што прикажува симболично различни чувства и страсти.
Англиски: ballet Албански: balet
Уметност на балетската игра.
Англиски: ballet Албански: balet
Театарски ансамбл што изведува балет.
Англиски: ballet Албански: balet

балетан повеќе

мн. балетани
Вид збор: Именка, машки род
балетски уметник, балетски танчар
Англиски: ballet dancer

балетанка повеќе

мн. балетанки
Вид збор: Именка, женски род
(пообично во мн.) Обувки што ги носат балетските уметници при настап.
Англиски: ballet shoe

балетен повеќе

Види и: балетски (прид.)
балетниот
Вид збор: Придавка
балетски

балетски повеќе

Види и: балет (м.)
балетскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со балет.

банда повеќе

мн. банди
Вид збор: Именка, женски род
Оркестар (особено воен) од лимени инструменти.
Англиски: band Албански: bandë, orkestër

бандаџија повеќе

мн. бандаџии
Вид збор: Именка, машки род
Член на музичка банда, музикант.

бандерола повеќе

мн. бандероли
Вид збор: Именка, женски род
Пискул или гајтан на труба.
Албански: gajtan, xhufkë
Лента на која виси барабанот.
Албански: rryp

барабан повеќе

мн. барабани
Вид збор: Именка, машки род
Ударен музички инструмент со цилиндрична форма, обложен од двете страни со кожа.
Англиски: drum Албански: trumpetë

барабанар повеќе

Види и: барабанџија (м.)
мн. барабанари
Вид збор: Именка, машки род
барабанџија
Англиски: drummer

барабанџија повеќе

мн. барабанџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што удира на барабан во оркестар, музичар што исполнува партии за барабан.
Англиски: drummer Албански: trompetist

баритон повеќе

мн. баритони
Вид збор: Именка, машки род
Машки глас меѓу бас и тенор, длабок тенор или висок бас.
Англиски: baritone Албански: bariton
Пејач со таков глас.
Англиски: baritone Албански: bariton

баритонски повеќе

Види и: баритон (м.)
баритонскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со баритон.

бас повеќе

мн. басови
Вид збор: Именка, машки род
Најдлабокиот машки глас.
Англиски: bass Албански: bas
Пејач со таков глас.
Англиски: bass Албански: bas
Инструмент што дава длабоки тонови.
Англиски: bass Албански: bas

басист повеќе

мн. басисти
Вид збор: Именка, машки род
Пејач што пее бас.
Англиски: bass singer Албански: basist
Свирач на инструментот бас.
Англиски: bass player Албански: basist

белканто повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Италијански начин на оперско пеење што ја истакнува убавината на гласот и вокалната техника.
Англиски: belcanto

бемол повеќе

мн. бемоли
Вид збор: Именка, машки род
Знак во музиката (♭) за снижен полутон од назначениот.
Англиски: flat

бенд повеќе

мн. бендови
Вид збор: Именка, машки род
Помала инструментална група, мал оркестар.
Англиски: band Албански: bandë
Примери:
Тоа е нов бенд на музичката сцена.

бенџо повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
музички инструмент
Англиски: banjo

бисерница повеќе

мн. бисерници
Вид збор: Именка, женски род
Тамбура со врвен квалитет, со примат кај овој вид инструменти.

благогласен повеќе

благогласниот
Вид збор: Придавка
Што е со благ глас, милозвучен.
Англиски: harmonious

блех-музика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Музика што се изведува на лимени дувачки инструменти.
Англиски: brass music Германски: Blechmusik

блех-оркестар повеќе

мн. блех-оркестри
Вид збор: Именка, машки род
Оркестар составен од блех-инструменти.
Англиски: brass orchestra Германски: Blechorchester

блуз повеќе

(едн.) блузот
Вид збор: Именка, машки род
Стил во музиката, песни, музика со меланхоличен призвук, карактеристичен за американските црнци.
Англиски: blues

брмчало повеќе

мн. брмчала
Вид збор: Именка, среден род
Дел од гајдата низ кој таа испушта звук на брмчење.

брчало повеќе

мн. брчала
Вид збор: Именка, среден род
Дел од гајдата кој дава монотон низок тон.
Албански: zëzëlloj

бузуки повеќе

Вид збор: Именка, машки род
жичен музички инструмент
Англиски: bouzouki Грчки: μπουζούκι

бургија повеќе

мн. бургии
Вид збор: Именка, женски род
Дел од музички инструмент.
Албански: pjes instrumenti të muzikës
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш